Чешкиот премиер би можел да биде осомничен за корупција

Од:

Чешкото Државно обвинителство не ја исклучи можноста меѓу осомничените во корупциската афера да се најде и премиерот во заминување Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.

Нечас, кој поднесе оставка по откривањето на досега најголемиот политички скандал во земјата во кој се уапсени осум лица, според полицијата, на тројца експратеници им ветил противуслуги доколкусе откажат од пратеничките мандати.

Пратениците Петр Тлухор, Иван Фукса и Марек Шнајдр од владејачката Граѓанска демократска партија (ОДС) се откажаа од своите мандати минатата година, поради несогласување со донесувањето на владиниот рестриктивен пакет закони за зголемување на даноците.

Според полицијата, Нечас наводно под притисок на неговата најблиска соработничка Јана Нагиова, која е меѓу притворените, на неговите сопартијци им ветил противправна корист и го обезбедил нејзиното остварување.

Нечас, уште претходно изјави дека таквите активности се „нормална пракса во политиката“ и дека не се работи за кривично дело.

Поратлот „Лидовки.цз“ информира дека Нечас само од тактички причини е се уште на слобода и дека наскоро ќе биде поднесено барање до Парламентот за одземање на неговиот имунитет и за негово притворање.

Мнозинството членови на владејачката ОДС изјавија дека доколку дојде до тоа, тие нема да гласаат за таков предлог.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски