Чешкиот Парламент нема да се распушти

Од:

Чешките пратеници не го поддржаа предлогот на опозицијата за распуштање на Собранието, јави дописникот на МИА од Прага. За предлогот гласаа 96 од 188 присутни пратеници, а 92 беа против, со што не беше исполнето потребното трипетинско мнозинство односно 120 пратеници.

Предлогот за распуштање на Парламентот го поднесоа опозициските социјалдемократи (ЧССД), откако падна актуелната Влада на Петр Нечас по неговата оставка.

Претседателот на државата, Милош Земан предложи формирање на техничка Влада и за мандатор го назначи Јиржи Руснок, кој го формираше својот нов министерски Кабинет.

Пратениците во Чешка, денеска имаа историска можност првпат откако тоа е предвидено со Уставот, да гласаат за распуштање на Парламентот.

– Нови избори се неспорно уставно и чисто решение, рече претседателот на ЧССД, Бохуслав Соботка, кој смета дека таквата нова Влада би имала силен демократски мандат.

За Соботка, доколку нема нови парламентарни избори ќе настане период на политичка нестабилност во Чешка.

За Мирослав Калоусек, поранешниот министер за финансии и потпретседател на партијата ТОП 09, која беше дел од поранешната владејачка коалиција, предвремени парламентарни избори не се решение, иако самиот изјави дека не ја поддржува техничката Влада на Руснок.

Сепак, повеќето пратеници се согласија дека начинот на кој се решава политичката криза во земјата, ја зголемува улогата на претседателот на државата, додека на страна се трга работата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски