Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО

Од:

Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО.

Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово.

Сенатот гласаше „за“ претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан.

Со децении Финска и Шведска одбиваа да бараат членство во НАТО алијансата.

Сепак, руската инвазија на Украина го промени тоа бидејќи огромното мнозинство луѓе во двете земји сметаат дека членството е клучно за нивната безбедност.

Сите 30 земји-членки на НАТО треба да го ратификуваат предложеното проширување.

Досега, вклучително и Чешка, зелено светло дадоа 24 земји.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година