Чешки воен лекар ги враќа одликувањата од НАТО

Од:

Чешкиот поранешен воен лекар Марек Обртел, кој служел во мисиите во Авганистан, Косово и Босна и Херцеговина, во отворено писмо, од чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки побара повлекување на воените одликувања, сметајќи ја НАТО за „криминална организација” со ,„чудни интереси”, јави дописникот на МИА од Прага.

На ова реагираше Министерството за одбрана, објаснувајќи дека медаљите не може да се повлечат, туку одликуваниот треба, ако сака, самиот да се откаже од нив.

– Ги враќам воените одликувања, бидејќи длабоко сум засрамен дека служев на криминална организација како што е НАТО, предводена од САД и нејзините перверзни интереси во целиот свет, пишува Обртел во писмо кое го објави чешкиот портал „Парламентни листи”.

Според воениот ветеран, со неговата реакција сака да изрази несогласување со американската политика кон Русија и земјите на Европската унија како и да предупреди на нејзините последици.

– Исто така, сакам да демонстрирам несогласување со чекорите на чешката Влада и другите надлежни органи по прашањата за пристап кон дезинформациските кампањи и намерните информациски ембарга за клучните настани во однос на актуелната геополитичка и воена ситуација во светот, при што ги обвинувам сите одговорни субјекти за целосна неактивност по прашања за спречување на глобални конфликти меѓу САД и Русија на територија на Европа, пишува потполковникот Обртел.

Тој, додава дека се откажува од четири медаљи, кои има намера да ги испрати до регионалниот воен штаб, како што му беше препорачано од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО