Чешки разузнавач нудел тајни информации испраќајки писма до странски амбасади

Од:

Висок офицер во чешкото воено разузнавање, за милионски суми на тајни служби од Русија, Украина и Северна Кореја нудел државни безбедносни информации, објави чешкиот весник „Право”.

Според објавеното, како што јави дописникот на МИА од Прага, се работи за едно од најсериозните загрозувања на државната безбедност од осамостојувањето на Чешката Република.

Чудно е, што тајните информации, чешкиот разузнавач писмено ги нудел до странските амбасади и дури во дописите ја прецизирал и цената за која би предал извесни тајни информации поврзани со имиња на чешки агенти, пристапи до тајни фондови, како и поставување на апаратура за прислушување во просториите на Чешката служба за воено разузнавање.

Весникот открива, дека разузнавачот „без поголема врева”, минатата година е осуден на 8-годишна затворска казна.

– Обвинетиот, изразил подготвеност за сума од 32.000 евра да обезбеди многу доверливи информации кои се однесуваат на движења, активности и задачи на разузнавачките агенти.

– Тој понудил соработка со странски тајни служби за износ од 65.000 евра тврдејќи дека има пристап до финансирањето на оперативните активности, воени објекти, идентитети на агенти, нивните тајни операции, наредби и прописи и понудил помош при инсталација на техничка опрема во просторот на Разузнавачката служба, се вели во пресудата на Основниот суд во Прага, со која извесен Милан Ш. е осуден за шпионажа.

Во пресудата, прецизно се наведени писмата и барањата кои осудениот поранешен разузнавач ги испратил до руската, украинската и амбасадата на Северна Кореја во Чешка. Осумгодишната затворска казна, е минимумот кој може да биде доделен за оддавање на службени тајни, а максималната казна предвидена во законот е 15 години, односно во воени услови за вакво дело е предвидена доживотна затворска казна.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски