Чешки пратеник ги навреди католиците обвинувајќи ги за гонење на Евреите

Од:

Чешкиот пратеник Игор Јакубчик ја навреди Католичката црква нарекувајќи ја сојузник на нацистичка Германија кој ги одобрувала убиствата на Евреите за време на Втората светска војна. Изјавата на пратеникот на Социјалдемократите предизвика негодување кај членовите на десничарската опозиција кои удираа на пратеничките клупи, јави дописникот на МИА од Прага.

– Католичката црква за време на Втората светска војна не страдаше, туку беше еден од најголемите сојузници на нацистичка Германија. Католичката црква го одобруваше отстранувањето и убиствата на Евреите, рече Јакубчик на седницата на која се разгледуваа одложувања на роковите за враќање на црковен имот.

Дел од опозициските пратеници побараа извинување од Јакубчик. Поранешниот министер за правда Павел Блажек рече дека премиерот и претседател на ЧССД, Бохуслав Соботка исто така се изјаснува како католик и според него би било логично да де заклучи дека и тој признава соработка со нацистите.

– Имате две опции: или да се застрелате или да побарате недоверба на владата”, му порача Блажек на Јакубчик. Јакубчик, подоцна објасни дека нема ништо против актуелната црква, која за време на комунизмот страдала, но ,,му пречи она што се случувало по 1948 година и за време на Втората светска војна”.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот