Чешки пратеници одбиваат да присуствуваат на инаугурацијата на Милош Земан

Од:

Дел од чешките пратеници и сенатори одбиваат да присуствуваат на инаугурацијата на идниот претседател на Чешка, Милош Земан, забележувајќи му на острата кампања на изборите, јави дописникот на МИА од Прага.

Според најавите, на свечената церемонија, која ќе биде одржана на 8 март, можно е да отсуствуваат десетици народни избраници од партиите ТОП 09 и Граѓанската демократска партија (ОДС), кои се дел од владината коалиција.

Најголемиот дел од нив изјавиле дека се незадоволни од ставовите и националистичките теми особено околу прашањето за „Бенешовите декрети“, кои можеа да се слушнат од Земан за време на кампањата пред претседателските избори.

Подготовките за инаугирацијата се речиси готови. Земан изјави дека веќе го подготвил својот говор кој ќе го каже напамет, а ќе трае околу 15 минути.

Вацлав Клаус, кој веќе два мандати е шеф на чешката држава си заминува од функцијата на 7 март, кога симболично ќе има средба со својот наследник Милош Земан.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски