Чешки научници ја откриле траекторијата на метеоритот во Русија

Од:

 Додека во јужниот дел на Урал се расчистуваат последиците од падот на катастрофалниот метеорски дожд, чешки астрономи објавија дека први и засега единствени ја пресметале неговата точна патека, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што објави чешкиот портал „Актуалње.цз“, врз основа на седум видео-снимки кои се објавени на интернет, група научници од Астрономскиот институт на Чешката академија на науките ја реконструирале траекторијата на движење на телото во Сончевиот Систем и во атмосферата на Земјата.

Тимот предводен од Павел Спурни покажува дека набљудуваната траекторија во атмосферата била долга 254 километри.

Телото прво е снимено на висина помала од 92 километри над површината на Земјата, кога постепено почнало да свети. Метеоритот се движел со брзина од 17,5 километри во секунда по патека накосена за 17 степени и неговата светлина постојано се зголемувала.

За краток момент, метеорот дури го засенил и сонцето, за по 11 секунди, да почне да се распаѓа на висина од 32 километри над Земјата.

„Ситнењето“ го преживеал еден поголем дел и неколку средни парчиња. Најголемиот дел од метеоритот, за кои научниците претпоставуваат дека тежел од 200-500 килограми и бил со дијаметар од половина метар, пред згаснувањето, започнал да паѓа со намалена брзина од четири километри во секунда. Во таков облик метеоритот со брзина од 150 метри во секунда паднал во езерото Чебаркул и завршил на дното.

Чешките астрономи имаат објаснување и за тоа зошто метеоритот не бил забележан порано. Пред паѓањето тој се движел во близина на Сонцето на аголна далечина помала од 20 степени и бил немерлив од инструментите.

При паѓањето на метеорот на 15 февруари, во регионот Чељабинск е направена штета од 33 милиони долари и беа повредени 1.500 лица.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата