Чешки медиуми: Кариерата на Нечас завршува, само тој самиот не знае

Од:

По вчерашната полициска рација во седиштето на чешката влада, неколку државни институции и повеќе други простории, при што неколку високи функционери блиски на премиерот Петр Нечас беа уапсени, чешките медиуми пишуваат дека во земјата се случува за „голем политички земјотрес”.

Државниот јавен обвинител, Иво Иштван доцна синоќа соопшти дека во врска со полициската акција осум лица се притворени, против пет лица се покренати обвиненија, јави дописникот на МИА од Прага.

Притворени се актуелниот и поранешниот шеф на Военото разузнавање Милан Кованда и Ондреј Паленик, Директорот на владините служби за набавки Лубомир Поула, поранешниот министер и заменик министер за земјоделство, Иван Фукса и Роман Бочек, како и експратеникот Петр Тлухор.

Меѓу притворените е и шефицата на Кабинетот на премиерот, негова најблиска соработничка Јана Нагиова. Нагиова во медиумите се спојуваше и како главна причина за разводот на премиерот Петр Нечас и неговата сопруга со која има четири деца.

Сите уапсени се политичари од владејачката Граѓанска демократска партија (ОДС) и токму затоа медиумите коментираат дека целиот потрес многуќе го чини премиерот.

– Можеби се наоѓа во шок и не може да разбере дека неговата кариера заврши. Но, што побрзо мустане јасно, дека по она вчера не му останува ништо друго освен оставка, тоа подобро за него из а целата земја, коментира „Хосподареске новини”. Според весникот, полицијата не би започнала така голема акција ако нема докази.

Нечас на куса прес конференција, дури по осум часа од започнувањето на акцијата изјави дека нема намера да даде оставка, бидејќи не направил ништо нечесно и ги повика државните органи да ги соопштат своите причини за акцијата.

Доколку доказите покажат дека полициската акција е оправдана, за Владата на Нечас тоа ќе значи крај од кој нема враќање, пишува „Млада Фронта Днес”(МФД). Според МФД, оваа акција која се смета за најголема од 1989 година, може „на виделина да изнесе многу нечистотии” и може целосно да ја смени политичката сцена.

Идната година треба да се оддржат парламентарни избори и можно е гласачите да се приклонат кон малите политички партии.

Речиси сите медиуми се сложуваат дека полициската акција, која се случува во чешката метропола, Централниот и Источниот дел на земјата треба да се покаже издржана, без никакви затајувања.

Припадниците на Единицата за борба против организираниот криминал извршиле претрес во неколку државни компании и приватни фирми кои се поврзани со познатите лобисти Роман Јаноушек и Иво Ритиг, кои се поврзуваат со повеќе јавни набавки на Градското собрание на Прага.

Бил претресуван и домот на сопственикот на фирмата која го доби тендерот за прашкиот Институт за клиничка и експериментална медицина (ИКЕМ).

Според некои медиуми, рација била спроведена и во домот на поранешниот прашки Заменик државен обвинител Либор Григарка. Полицијата проверувала и неколку безбедносни трезори во „Комерчни банка” во центарот на главниот град.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски