Чешката Влада ќе се погрижи за своите граѓани во Турција

Од:

Чешката Влада смета дека нејзина примарна задача е да се грижи за луѓето кои се наоѓаат во Турција, каде синоќа се изврши обид за државен удар и попладне ќе заседава Кризен штаб, јави дописникот на МИА од Прага.

Според премиерот Бохуслав Соботка, Кризниот штаб ќе ја следи ситуацијата и во зависност од развојот на безбедносната ситуација во земјата ќе се преземат мерки за безбедно враќање на Чесите, на кои Турција им е омилена дестинација за одмор.

Утрово авионот за Анталија полета навреме, додека утринскиот лет меѓу Прага и Истанбул е откажан, а двата лета попладне и навечер зесега не се откажани.

Со оглед на непредвидливата ситуација, чешкото Министерство за надворешни работи препорача деновиве да не се патува во Турција и објави телефони на кои чешките граѓани можат да се јават доколку се наоѓаат во таа земја.

Би можело да ве интересира

Соботка под истрага поради партиско назначување на заменик директор на покраинска полиција

А1он

Пендаровски-Соботка: Безрезервна австриска поддршка за европската перспектива на земјава

А1он

Средба Заев – Соботка: Австрија го препознава напредокот на Северна Македонија и останува нејзин силен поддржувач

А1он

Мицкоски му се пожали на Соботка дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад и дека владата не може да обезбеди раст

Наум Локоски

Соботка: Ревизијата на чешкиот безбедносен систем главно со позитивни резултати

Емир Латифовиќ

Соботка: Турција мора да ги исполни условите за да и се укинат визите

Емир Латифовиќ