Средба Заев – Соботка: Австрија го препознава напредокот на Северна Македонија и останува нејзин силен поддржувач

Од:

Зоран Заев заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски се сретана со претседателот на Националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка.

На средбата е разговарано за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, процесот на реформи, како и соработката меѓу двете земји.

Претседателот на СДСМ, Заев истакна дека сите институции се силно посветени на европската агенда, а тоа е потврдено и со последниот извештај на ЕК каде е нотиран напредок во делот на реформите во правосудството, безбедносниот сектор и администрацијата.

Заев порача дека Австрија е сериозен економски и политички партнер на нашата земја и затоа е важно соработката да се продлабочи.

„Австрија, со своите компании кои се присутни овде е еден од најголемите и најсериозни  економски партнери на Северна Македонија. Освен во економијата, Австрија позитивно влијае и на реформите во образованието преку спроведување на процесот на дуално образование во чие спроведување учествуваат и компании со австриски капитал“, посочи Заев.

Од страна на австрискиот претставник, Соботка е истакнато дека Австрија е долгогодишен поддржувач на Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите и дека пред европските партнери ќе се заложи грешката од октомври да биде исправена.

Тој го поздрави успехот на нашата држава во реформите и изрази уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе се интензивира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?