Мицкоски му се пожали на Соботка дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад и дека владата не може да обезбеди раст

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес, заедно со Александар Николоски и Влатко Ѓорчев се сретна со претседателот на националниот совет на Австрија Волфганг Соботка.

На средбата се разговарало за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, како и за актуелните политичка и економска состојба во државата.

„Претседателот Мицкоски на средбата го информираше својот соговорник за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија. Мицкоски ја потенцираше и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците разговарале и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.

„На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи во кои за жал моментално власта сериозно заостанува“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ и ДУИ се подготвени на се за да ги задржат фотелјите и привилегиите

Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје? И кога голобрадо момче кое случајно му е внук ја купува Соравија? Со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ

Мицкоски од Чешиново Облешево: Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

Горан Наумовски

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ