Чешка: Полицијата бара премиерот Бабиш да се обвини за проневера на европски пари

Од:

Државното обвинителство на Чешка денеска соопшти дека од полицијата добило предлог за поднесување обвинение против премиерот Андреј Бабиш, откако го презеде досието поврзано со наводна злоупотреба на европски субвенции.

Полицијата се сомнева во Бабиш за привремено одвојување на фармата „Родино Гниездо“ близу Прага од големиот земјоделско-прехранбен холдинг „Агроферт“ во 2007 година, за да може да добие европски средства наменети за мали претприемачи.

Бабиш (66), кој има словачко потекло и е петти најбогат Чех според списанието Форбс, ги отфрла тврдењата дека сторил нешто незаконско.

– Документацијата за случајот кој медиумите го нарекоа „афера родно гнездо“ му беше предадена на главниот државен обвинител задолжен за надзор, заедно со предлогот за обвинение од полицијата, се наведува во соопштението на државното обвинителство во Прага.

Во соопштението се додава дека „главниот државен обвинител сега ќе ги проучи документите и ќе одлучи дали ќе покрене обвинение, ќе се откаже од гонењето или ќе постапи на друг начин“.

Полицијата побара покренување обвинение против премиерот уште во 2019 година, но главниот обвинител одлучи дека обвинението е неосновано и го отфрли.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница