Чешка планира намалување на платите на офицерите

Од:

Чешкото Министерство за одбрана подготвува измени на правилникот за личните доходи, што ќе резултира со повисоки плати за воените пилоти или лекарите, а помали за генералите и офицерите, јави дописникот на МИА од Прага.

– На пример платата на генерал-мајор, кој е на функција во Генералштабот ќе се намали од околу 80.000 круни (3.200 евра) на 65.500 круни (2.620 евра), изјави за весникот „Право“ чешкиот заменик-министер за одбрана Ленка Птачкова Мелихарова.

Според неа, платите на сите генерали ќе бидат намалени од 200 до 700 евра месечно. Основната плата на актуелниот началник на Генералштабот на чешката Армија, генерал-полковник Петр Павел би била 88.000 круни (3.520 евра), односно околу 400 евра помалку отколку што заработуваше досега.

Наспроти ова, се планира зголемување на платите на екпсертите, кои недостасуваат на пазарот на трудот, а тоа се здравствените работници, познавачите на ИТ технологијата и пилотите.

– Предлагаме да се воведе стабилизациска доплата, која ќе им овозможи на Вооружените сили конкурентност на пазарот на трудот и која може да изнесува до 28.000 круни (1.120 евра) по војник, објаснува Птачкова Мелихарова.

Средствата за зголемување на платите, ресорното Министерство ќе ги обезбеди со отпуштање на околу 500 војници, главно офицери.

– Новиот систем на наградување ќе ги отстрани досегашните разлики меѓу војниците кои имаат ист ранг, изјави министерот за одбрана Властимил Пицек, кој новата систематизација за плати денеска ќе ја достави до Чешката влада.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски