Чешка планира да воведе „паметен карантин“

Од:

Чешка планира да воведе „паметен карантин“, систем за брзо следење и изолација на лица кои биле во контакт со заразени, за постепено да ги олеснат рестриктивните мерки што се во сила во моментов.

Во последните пет дена, просечниот број на новозаразени во земјата е 224 на ден, што е помалку од претходните пет дена, иако се тестирани повеќе луѓе. Чешка има регистрирано 5.335 случаи на зараза со коронавирусот и 104 смртни случаи.

Намалувањето на стапката на новозаразени отвора простор за примена на севернокорејскиот систем за следење на контакти, каде воените тимови за тестирање и телефонски центри користат мобилни телефони и банкарски платежни картички за да ги следат лицата кои биле во контакт со заразени и да ги сместат во карантин.

Роман Примула, главен епидемиолог во чешкиот кризен штаб, изјави дека податоците покажуваат дека епидемијата во земјата е под контрола и дека растот на новозаразени е помал од очекуваниот, и оти мерките кои се воведени за целото население ќе бидат полека заменети со мерки насочени кон лица изложени на ризик.

Новата стратегија постепено би требало да почне да се воведува од следната недела.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница