Чешка не ги признава резултатите од руските парламентарни избори на Крим и ги смета за нелегални, а кандидатите избрани во Долниот дом на рускиот Парламент од Полуостровот не ги смета за пратеници, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи.
На изборите во Русија во неделата, мнозинство освои владејачката партија Единствена Русија на рускиот претседател Владимир Путин.
– Чешка во согласност со политиката на Европската унија (ЕУ) не го призна незаконското припојување на Автономната Република Крим и градот Севастопољ кон Руската Федерација, соопшти чешкото Министерство.
Според изборната Комисија, Единствена Русија освои 343 мандати во 450-члената Државна дума.
ОБСЕ соопшти дека за време на изборите се забележани многу процедурални нерегуларности.