Чешка и Словачка ќе разговараат за европската безбедност и миграцијата

Од:

Министрите на чешката и словачката Влада денеска на заедничка седница во Братислава ќе разговараат за европската безбедност, миграциската криза и билатералните односи меѓу двете земји.

Според претседателот на чешката Влада, Бохуслав Соботка, министрите во врска со европските прашања би се надоврзале на братиславскиот Самит на лидерите на членките на ЕУ, кој се одржа кон средината на септември, а на кој една од главните теми беше иднината на Унијата по заминувањето на Велика Британија.

На традиционалната, четврта по ред заедничка седница, ќе се разгледува и соработката на членките на Вишеградската група – В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) во веќе планираните инфрастутурни проекти, јави дописникот на МИА.

Чешката Влада во сличен формат соработува и заседава и со владите на Полска и Израел.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ