Чешка ги подготвува резервите на вакцини против инфекции

Од:

Чешките власти ги мобилизираат резервите на вакцни против тетанус, хепатитис А и Б и останати инфекции кои можат да го загрозат населението поради поплавите кои изминативе денови ја зафатија земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Раководителот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Владимир Валента ги повика граѓаните доколку е потребно да се превакцинираат против тетанус.

Здравствените осигурителни компании најавија акции на вакцинација и понудија со мал надомест или бесплатнао вакцинацација против жолтица А и Б за граѓаните кои се загрозени од поплавите како и за сите останати кои за тоа ќе бидат заинтересирани.

Поради последиците од поплавите, над 19.000 луѓе се евакуирани, осум лица го загубија животот, а четири се сметаат за исчезнати.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски