Чешка бара Русија да ѝ плати отштета за екплозиите во магацините за муниција во 2014 година

Од:

Министерството за надворешни работи на Чешка денеска го повика рускиот амбасадор во Прага да ги претстави барањата на Чешка за целосна компензација од Русија за штетата од експлозиите во магацините за муниција во 2014 година, за кои тврдат дека се дело на руски шпиони.

Заменик-министерот за надворешни работи Мартин Смолек му врачи дипломатска нота на амбасадорот Александар Змеевски, „во која се наведува дека според меѓународното право Руската Федерација е одговорна за нејзиното учество во експлозиите на складиштата за муниција во Врбетице во 2014 година“.

Чешката влада на 17 април соопшти дека има докази дека двајца руски воени разузнавачи биле вклучени во бомбашкиот напад во магацинот, во кој загинаа две лица. Русија негира дека има врска со тој инцидент.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги нарече барањата на чешките власти за обештетување „изнуда“.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија