Маж од Чеченија, кој беше приведен под сомнение дека е вмешан во терористички напад во концертна сала во Москва, почина неколку часа по апсењето.
Таиса Успанова, мајката на Ашаб Успанова, за рускиот портал Агенција изјавила дека младиот човек бил приведен на автобуската станица на 22 март додека одел на работа. Успанов ја известил сопругата дека е приведен во полиција и ја замолил да дојде бидејќи билe насилни лицата од безбедносните сили. Сопругата два часа подоцна дошла во полиција, но полицајците и рекле дека тој починал.
Жената била шокирана бидејќи малку претходно разговарала со него на телефон. Тиаша Успанова не можеше да го именува одделението каде почина нејзиниот син.
Успанов, кој имаше 30 години, беше погребан во Чеченија.
Опозицискиот чеченски телеграм каналот 1ADAT, кој прв ја објави смртта на Успанов, изјави дека младиот човек бил задавен откако бил мачен и претепан до степен што му биле скршени ребрата и ‘рбетот.