Чавушоглу: На Русија ѝ предложивме Нагорно-Карабах да се реши по сирискиот модел

Од:

Турција ѝ предложила на Русија судирот во Нагорно-Карабах да се реши со веќе „испробан метод“, односно по сирискиот модел, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Разговор на оваа тема е одржан со рускиот претседател Владимир Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, рече Чавушоглу.

Според шефот на турската дипломатија, би било добро ако веднаш би се започнала заедничка работа по тоа прашање, исто како што Москва и Анкара делувале во Сирија.

– Овој судир досега не е решен ниту на билатерално, ниту на мултилатерално ниво. Нерешеноста на судирот само ја охрабрува Ерменија, истакна шефот на турската дипломатија, додавајќи дека Азербејџан долго ја толерирал „ерменската окупација“.

Тој смета дека прашањето, исто така, може да се реши доколку Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на Нагорно-Карабах.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“