Чаус: Руските војници убиле речиси 200 цивили во Чернигов

Од:

Од почетокот на војната во Украина, руските војници убиле речиси 200 цивили во градот Чернигов, изјави Вјачеслав Чаус, началник на Регионалната воена управа на Чернигов во интервју за Лига.нет, објавија украинските медиуми.

– Чернигов е под постојан напад. Луѓето умираат. Ако пред два или три дена зборував за „Чернигов 100“, сега можам да кажам дека речиси 200 цивили веќе се убиени во овој град, истакна Чаус.

Како што објавија украинските медиуми, бранителите на Чернигов денеска уништија непријателски воен конвој составен од еден тенк, две оклопни возила „Тигр“ и камиони „Камаз“.

Руската инвазија врз Украина почна на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски