Чарлс во посета на Франција прв пат откако стана крал

Од:

Британскиот крал Чарлс III ќе биде во Франција од 26 до 29 март, во својата прва државна посета како монарх, објави кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Ројтерс, додавајќи дека ова е уште еден знак за затоплување на односите меѓу Париз и Лондон по долгогодишно непријателство околу Брегзит.

Посетата, која вклучува државна вечера за Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила во палатата во Версај, е дипломатски погодок за претседателот Макрон, бидејќи тој се обидува да ги постави француско-британските односи на нова основа по серија спорови.

„Посетата е чест за Франција и ја илустрира длабочината на историските врски што ги обединуваат двете земји“, соопшти кабинетот на Макрон.

Во соопштението за медиумите се наведува и дека двајцата веќе соработуваат во областа на заштитата на биолошката разновидност и борбата против климатските промени.

Посетата на Чарлс доаѓа многу брзо по онаа на премиерот Риши Сунак, кој ќе се сретне со Макрон на 10 март. Тоа ќе биде првата француско-британска средба на врвот од 2018 година.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Кралот Чарлс е хоспитализиран: Сите идни посети се откажани

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму