Армијата на Чад соопшти дека нејзини единици убиле стотици борци на исламистичката група Боко Харам и загубиле девет војници во судири во Северна Нигерија.
Војски од Чад и Нигерија на почетокот на неделата почнаа акција против исламистите од „Боко Харам“ во стратешкиот град Малам Фатори, во североисточниот дел на земјата.
Новите судири избувнале при нивното ликвидирање. Во борбите исламистите се протерани на над 10 километри од градот, кој беше под нивна контрола од ноември минатата година.