Цените на нафтата надминаа 99 долари по руското признавање на Донецк и Луганск

Од:

Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар по признавањето од Русија на двата проруски региони во источна Украина, надминаа 99 долари.

На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари.

Русија во понеделникот ги призна Доњецк и Луганск и ги испрати своите „мировни“ сили во двата проруски сепаратистички украински региони кои прогласија независност во 2014 година.

Западот и се закани на Москва со санкции во случај на напад врз Украина, а пазарите стравуваат дека санкциите може да ја опфатат и руската нафта. Русија е најголемиот извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем производител на природен гас, јави Би-Би-Си.

– Украинско-рускиот конфликт би можел да има „значајни импликации“ за цената на нафтата, изјави за Би-Би-Си Сју Трин, директор за макростратегија во Manulife Investment Management.

Трин предупреди дека санкциите што ќе ја принудат Русија да испорачува помалку нафта или природен гас „ќе имаат силно влијание врз светската економија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Новата рунда преговори Украина-САД во вторник во Саудиска Арабија

Голем напад врз украинската енергетска инфраструктура

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Постигнавме голем напредок со Украина и со Русија тврди Трамп