Целиот воздушен сообраќај над Лондон е затворен: Авионите кружат, не можат да слетаат

Од:

Денес попладне, целиот воздушен сообраќај над Лондон е затворен. Како што објавија бројни светски медиуми, според непотврдени информации, се e поради техничка грешка. Наводно, имало дефект во еден од радарите.

Затворањето на воздушниот сообраќај над Лондон доведе до хаос на аеродромите низ Велика Британија, бидејќи илјадници патници беа блокирани. Полетувањата од аеродромите, вклучувајќи го и најголемиот во Велика Британија, Лондон Хитроу, беа прекинати поради дефект во контролата на воздушниот сообраќај (ATC).

Прекини во воздушниот сообраќај се случија на аеродромите во Бирмингем, Ливерпул, Единбург, Манчестер, Гетвик, Лутон…

Авионите што моментално се во воздух кружат околу аеродромот и сè уште не можат да слетаат. На социјалните мрежи се појавија пораки дека авион што требаше да слета на Хитроу моментално кружи околу планината Бен Невис бидејќи не може безбедно да слета.

Во меѓувреме, патничката Џејн Ајнсворт изјави дека нејзиниот лет од Кос до Бирмингем бил принуден да слета во Брисел. Друга фрустрирана патничка пријави дека „не оди никаде“ додека седеше на пистата 40 минути.

„Не одиме никаде бидејќи немало ниту едно полетување од аеродромот Хитроу во последните 40 минути. Очигледно „радарот е паднат““, рече еден патник.

Би можело да ве интересира

Серија трагедии по топлотниот бран во Велика Британија – 17 починати за 8 дена

А1он

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

Иран им се закани на Велика Британија и Франција

Катерина Ѓуровски

Четворица тешко ранети во пукотница во Лондон

Горан Наумовски