Цел Триполи остана без електрична енергија

Од:

Либискиот главен град Триполи синоќа целосно останал без електрична енергија, а причините за прекинот се уште не се познати, објавија арапските медиуми.

Од 13 јули во Триполи не стивнуваат борбите за контрола врз меѓународниот аеродром меѓу спротивставените вооружени милиции.

Во судирите досега се убиени околу 200 лица, а стотици се повредени. Огромни нафтени резервоари се уништени и горат покрај патот за аеродромот во Триполи, а пожарникарите не можат да ги изгаснат веќе 11 дена.

Според телевизијата „Ал Арабија“, нема струја и во Бенгази, кој е втор град по големина во земјата, а исто така и во градот Аџдабија.

Телевизијата објави и дека жестоки борби се водат во близина на градот Завија, на средоземноморскиот брег западно од Триполи.

Поради влошување на ситуацијата во Либија голем број меѓународни организации и дипломатски мисии одлучија да ја прекинат својата работа и да ги евакуираат својот персонал и граѓаните од оваа земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски