Цел на израелското гранатирање на Бејрут бил Ибрахим Акил, командант на операциите на Хезболах

Од:

Цел на израелското гранатирање на Бејрут бил Ибрахим Акил, командант на операциите на Хезболах, објави израелското воено радио.

Медиумите јавуваат дека Акил е убиен во овој напад, а тој е еден од клучните луѓе на Хезболах, за чија глава Америка понудила дури седум милиони долари.

Новинската агенција АФП цитираше извор близок до Хезболах дека Акил бил убиен во нападот.

Американското Министерство за правда понуди награда од 7 милиони долари за информации за клучниот лидер на Хезболах Ибрахим Акил.

Акил, познат и како Тахсин, беше дел од највисокото воено тело на Хезболах, Советот на Џихад.

Во текот на 1980-тите, Акил беше клучен член на организацијата Исламски џихад, терористичка ќелија на Хезболах, која ја презеде одговорноста за бомбардирањето на американската амбасада во Бејрут во април 1983 година, во кое загинаа 63 луѓе, и касарната на американските маринци во октомври 1983 година во кој загинаа повеќе од 240 лица.

Во осумдесеттите години на 20 век, Акил ги водеше операциите за фаќање американски и германски заложници во Либан и ги држеше таму.

На 10 септември 2019 година, Стејт департментот го назначи Акил како глобален терорист.

Би можело да ве интересира

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Хамас ги надомести речиси сите загуби што му ги нанесе Израел, тврди Блинкен

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Хезболах се надева дека сириските власти нема да ги нормализираат односите со Израел