Осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, Џохар Царнајев пред да биде приведен оставил порака во која навел дека нападот бил освета за американските воени дејствија во Ирак и Авганистан, додека жртвите ги нарекол колатерална штета, пренесе вчера телевизијата ЦСБ.
Извори од истрагата наведуваат дека Царнајев оставил порака на внатрешната страна на бродот во кој се криел пред да биде приведен од полицијата.
-Кога ќе нападнеш еден муслиман, си ги нападнал сите муслимани- навел деветнаесетгодишниот Царнајев.
Елена Георгиевска