Бузан: Коронавирусот е политичка бомба во Франција

Од:

Поранешната француска министерка за здравство и кандидат за градоначалник на Париз, Ањес Бузан, и забележа на владата дека ја минимизирала епидемијата сакајќи да ги организира по секоја цена општинските избори, обвинување кое веднаш го ублажи, но кое предизвика политички потрес во земјата, јави дописникот на МИА.

Емануел Макрон сигурно не очекуваше дека првиот напад за начинот со раководењето со епидемијата на коронавирусот ќе дојде од неговите редови. Во денешното издание на париски „Ле Монд“, Ањес Бузан која ја напушти владата на 17 февруари за да го замени кандидатот на „Републиката во движење“ Бенжаман Гриво во Париз, по скандалот со видеото со сесксуална содржина, ја дава својата верзија на нештата. Таа е пред се доктор, хематолог.

-Јас го известив генералниот директор за здравство. На 11 јануари му пратив порака на претседателот на републиката за ситуацијата, На 30 јануари го предупредив премиерот Едуар Филип дека изборите можеби не ќе можат да се одржат. Од самиот почеток, мислев на едно нешто- коронавирусот. Требаше да прекинеме се. Тоа беше маскарада, Последната недела беше кошмар. Јас се плашев на секој митинг, вели таа за париски Ле Монд.

Нејзините обвинувања се речиси директно обвинување за шефот на државата и неговите две телевизиски обраќања, во четвртокот на 12 март, и понделеникот на 16 март.

Емануел Макрон, при првата интервенција беше поздравен за ладнокрвност и одлуката да се одржат општинските избори и покрај санитарната ургентност. Тој не успеа да ги убеди Французите дека следи неизбежна опасност, па затоа тие се шетаа во неделата како да ништо да не се случува.

Во втората интервенција тој зборуваше „за војна“, барајќи Французите да ја разберат сериозноста на ситуацијата, а од денеска тие немаат право слободно да се движат. Вториот круг од изборите е одложен за 21 јуни.

Ањес Бузан ја промени својата првична верзија за „Ле Монд“, но, сепак тоа уште повеќе доведе до сомневања за неодлучноста на Елисејската палата. По слабиот одѕив на избирачите, Елисејската палата тврдеше дека Макрон сакал да ги одложи изборите во последен момент, но тоа не го дозволил претседателот на сенатот. Но од изјавата на Бузан се гледа дека државното раководство било предупредено уште на крајот на јануари, затоа прашањето зошто тогаш се презел ризикот да се одржуваат изборите. Опозицијата најави отворање на парламентарна истрага.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен