Бурунди во криза по убиството на влијателниот генерал Ншиминирама

Од:

Водечкиот бурундиски генерал Адолф Ншиминирама, близок соработник на претседателот Пјер Нкурунзизе, денеска е убиен во главниот град Буджумбури во напад од заседа врз автомобилот во кој се наоѓал, соопштија официјални претставници од властите во Бурунди.

Убиениот генерал беше сметан за де факто шеф на внатрешната безбедност, па дури и за човек број два во режимот во Бурунди, пренесуваат француските медиуми.

Пик-ап возилото, во кое се наоѓал генералот, прво било погодено со две ракети, а потоа засипано со оган од автоматско оружје.

Освен генералот, во нападот погинал и неговито возач, соопшти полицијата.

До ова убиство дојде по само една недела откако претседателот Нкурунзиза беше прогласен за победник на контроверзните избори, со што го обезбеди својот трет последователен претседателски мандат, и покрај протестот на опозицијата и осудите од странство.

Во повеќемесечните протести заради кандидатурата на Нкурунзизе, кои неговата Влада крваво ги задуши, погинаа најмалку 100 лица, а кон средината на мај имаше и обид за државен удар, наведуваат француските медиуми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за убиството на генералот Ншимиримане, а полицијата соопшти дека се уапсени седум лица за врски со овој напад.

Има стравувања дека обновувањето на конфликите во Бурунди може повторно да го активира насилството меѓу етничките Хути и Тутси и да доведе до уште една катастрофа во централноафриканската област Големи езера.

Во последната граѓанска војна во Бурунди, што беше завршена во 2006 година, погинаа најмалку 300.000 лица.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска