Бунтот во воената база во Мадагаскар задушен, неговиот водач убиен

Од:

Армијата на Мадагаскар соопшти дека ја вратила контролата над базата на копнените сили, а водачот на бунтот е убиен.

„Ситуацијата е под контрола. Десетарот Коно Маинти, со прекар Црни, е убиен“, рече генералот Рафаел Рамаси, началник на кабинетот на министерот за одбрана.

Армијата ја нападнала базата, која е во близина на аеродромот на престолнината Антананариво, откако обидите за преговори со бунтовниците не успеале. Офицер, испратен во базата да преговара, бил застрелан и подоцна им подлегнал на повредите.

Не се знае колку лица учествувале во метежот. Летовите на аеродромот „Ивато“ се откажани.

Амбасадата на САД во Мадагаскар ги посоветува американските државјани да ја избегнуваат областа околу аеродромот, додека не се смири ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Ана Ололовска