Будимпешта: Криумчари на луѓе отворија оган кон унгарската полиција, која била во потера по нивното возило

Од:

Осомничени криумчари на луѓе, денеска во Будимпешта отвориле оган кон унгарската полиција од комбе што превезувало мигранти додека полицијата го гонела возилото.

Инцидентот завршил без повредени.

Агентите за борба против тероризмот приведоа двајца мажи во Будимпешта по потерата што започнала на околу 20 километри југоисточно од градот, соопшти полицијата.

Осомничените пукале кон полицијата од комбе со унгарски таблички откако одбиле да застанат на автопатот М5 во близина на градот Инаркс. Полицијата ја продолжила потерата и го натерала возилото да застане во близина на предградието на Будимпешта, по што осомничените побегнале во шумата и испукале уште неколку истрели кон полицијата.

Еден полицаец испукал предупредувачки истрел, а потоа возвратил. Таа населба била блокирана од полицијата, а осомничените, кои рекле дека се Ирачани, биле приведени околу еден час по почетокот на потерата. Никој не е повреден.

Полицијата навела дека по бркотницата во комбето биле пронајдени 21 мигрант, кои тврделе дека се сириски државјани. Двајца осомничени ќе одговараат за криумчарење луѓе и насилство врз службено лице.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија