Будимпешта: Германија да објасни како бегалците да се движат во ЕУ

Од:

Унгарија бара од Германија да ја разјасни правната ситуација поврзана со движењето на илегалните мигранти во Европска унија, соопшти денеска Владата во Будимпешта.

– Германија последните денови демонстрира попустлив став кон илегалните имигранти кои пристигнуваат од Сирија, што ја зголеми надежта кај мигрантите, а ситуацијата стана нејасна и нетранспарентна, изјави портпаролот на унгарската Влада Андраш Гиро-Сас.

Тој наведе дека според шенгенските правила мигрантите можат да ја напуштат Унгарија само со важечки патни исправи и виза од земјата каде што одат. Унгарските власти постапувајќи во согласност со законите на ЕУ и на Унгарија задржаа поголем број мигранти на железничката станица во Будимпешта.

– За да заврши таквата нетранспарентна и штетна состојба бараме од Германија да ја разјасни правната ситуација, наведе Гиро-Сас.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море