Билансот на загинати во поплавите и свлечиштата што ја погодија индонезиската провинција Папуа се искачи на 104, додека 79 лица и натаму се водат како исчезнати, соопшти денеска портпаролот на Националната агенција за справување со кризи, Сутопо Нугрохо.
Тој нагласи дека во поплавите што започнаа во саботата, досега се регистрирани најмалку 160 повредени лица,
Според Нугрохо, најмалку 40 од загинатите не се идентификувани и тие утре ќе бидат погребани во масовна гробница.
Поради поплавите речиси 10.000 жители на погодените подрачја морале да ги напуштат своите домови и сега се сместени во времени прифатни центри.
– Луѓето се уште се трауматизирани и стравуваат од нови поплави, бидејќи дождовите не престануваат, информира Нугрохо.