Бројот на жртвите од терористичките напади во Брисел продолжува да се зголемува

Од:

Бројот на жртви од вчерашните два терористички напади во Брисел продолжува да се зголемува, јави дописникот на МИА од Брисел.

Утринава, портпаролката на бриселскиот аеродром Завентем, Флоренс Мулч соопшти дека бројот на погинати лица се искачил на 15, а можно е уште едно лице да погинало, што целата бројка на загинати во моментов изнесува 32 лица.

– Има неколку жртви на нападите што починати беа однесени во болница. Сигурно има 15 погинати од нападот на аеродромот, а можно е да има и 16 жртви – истакна портпаролката на аеродромот Флоренс Мулч.

Во меѓувреме, Координативното тело на белгиската Влада за справување со терористичките напади, соопшти дека повеќе од 250 лица се повредени и истите се распоредени во неколку болници во главниот град на Белгија од кои најмногу во болницата „Еразмус“ каде се третираат според три категории на итност. „Итност 1“ значи лице со тешки повреди како откинати екстремитети, повеќе скршеници и повреди на главата, под „итност 2“ се водат лица со помали повреди на телото, додека под „итност 3“ се заведуваат жртвите на вчерашните напади што доживеале шок од силината на експлозиите или од тоа што го виделе.

Белгискиот пртокол, во меѓувреме извести дека се уште нема конечна листа на настраданите и повредените и чии државјани се сите тие, но ги известиле странските дипломатско-конзуларни претставништва дека наскоро сите ќе бидат известени за идентитетот и националноста на настраданите.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски