Бројот на жртвите од Гринфел тауер се искачи на 70

Од:

Телевизијата „Скај њуз“, повикувајќи се на неофицијални информации од сопствени извори, јави дека билансот на жртви од опожарената зграда Гринфел во Лондон, достигнал до речиси 70 лица.

Претходно денеска, лондонската полиција соопшти дека при пожарот загинале 30 лица.

– Хоспитализирани се 24 луѓе од кои 12 се во критична состојба, изјави Стујарт Канди, шеф на лондонската полиција. Тој додаде дека очекува бројот на жртви да се зголеми.

Пожарот во зграда од 120 станови во Кенсингтон-Челси во западен Лондон, изби по полноќ во вторникот и според сведоци, се ширел со голема брзина.Станарите на таа 24-катна зграда со социјални станови го доведоа во прашање начинот како е граден објектот. Продолжува и истрагата за причините за пожарот.Гренфел тауер е изградена во 1974 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски