Бројот на жртви од коронавирус во Франција достигна 22.245

Од:

Од 1 март во Франција починале 22.245 лица како последица на заразата со Ковид-19, а само во последните 24 часа бројот на смртните случаи е 389.

Вечерва на болничко лекување се наоѓаат 28.658 лица, а 4.870 се на интензивна нега.

Бројот на новопристигнатите пациенти во болниците и потребата од интензивна нега постојано се намалува повеќе од 15 дена.

Инаку од 1 март над 87.000 лица имаа потреба од болничко лекување и околу 15.000 интензивна нега.

Француските здравствени власти предупредуваат дека „движењето на вирусот останува на високо ниво“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата