Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 319

Од:

Бројот на загинати во силниот земјотрес што во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 319, соопштија денеска локалните власти.

Се претпоставува дека бројот на загинати луѓе ќе биде поголем бидејќи службите за вонредни ситуации и понатаму ги расчистуваат урнатините. Поради земјотресот 156.000 лица се раселени поради големите оштетувања на нивните домови.

Земјотресот со интензитет од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди Ломбок во неделата вечер, една недела по првиот земјотрес со интензитет од 5,9 степени во кој загинаа најмалку 17 лица.

Ломбок денеска беше погоден и трет земјотрес со интензитет 6,2 степени предизвикуквајќи вознемиреност и оштетувања на градежните објекти.

Индонезија лежи на така наречениот пацифички огнен прстен поради што се чести земјотресите. Во 2004 година цунами предизвикано од земјотрес во Индискиот Океан загинаа 226.000 луѓе во 13 држави, од кои 120.000 во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници