Бројот на загинати во стампедото во Саудиска Арабија се зголеми на 769 лица

Од:

Бројот на жртви во стампедото на аџилак во саудискиот град Мина во близина на Мека, се зголеми на 769 лица, изјави денеска саудискиот министер за здравство Калид ал-Фалих.

– Најновите податоци покажуваат дека загинале 769 луѓе, што е 52 повеќе во однос на претходните официјални податоци, рече Фалих.

– Се работи за луѓе кои по стампедото починале во повеќе различни болници, рече министерот и додаде дека во несреќата се повредени 934 лица.

До оваа најтешка несреќа на аџилакот во последните 25 години дојде кога на улицата се судриле два големи брана луѓе во близина на светилиштето Мина, во близина на Мека.

Иранскиот државен обвинител изјави дека ќе покрене обвиненија против саудиските власти пред меѓународни судови поради трагедијата.

Во изјава за државната телевизија, Ибрахим Раизи ја нарече трагедијата „злосторство“, кое треба да подлежи на казна.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови