Бројот на загинати во бомбашкиот напад во пакистанската џамија достигна 89

Од:

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија, чија цел беше полицијата во пакистанскиот град Пешавар, се зголеми на 89, соопштија денеска официјални лица.

– Најмалку 89 луѓе ги загубија животите, изјави за ДПА Ајаз Кан, портпарол на локалната полиција.

Околу 221 лице се ранети во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера во преполната џамија лоцирана во зоната со високо обезбедување до полицискиот штаб.

Најмалку 10 од ранетите се во критична состојба, изјави портпаролот на болницата.

Во текот на ноќта, најмалку 10 тела беа извлечени од под остатоците на урнатиот ѕид и покрив на џамијата.

– Повеќето од жртвите, вклучително и службениот персонал, се од полицијата, рече Кан.

Нападот беше еден од најсмртоносните во земјата во изминатите години и беше извршен за време на попладневните молитви.

Покрената е истрага за тоа како била пробиена повеќеслојната безбедносна инфраструктура на локацијата.

– Тоа не беше ништо помалку од напад на Пакистан, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот во Пешавар, лоциран во близина на границата со Авганистан, во услови на пораст на насилството и влошена безбедносна ситуација во Пакистан.

И пакистанските талибанци и терористичката милиција Исламска држава во минатото ги напаѓаа верниците во џамиите.

Насилството се интензивира откако во ноември пропаднаа месечните мировни преговори меѓу Исламабад и талибанските милитанти кои се кријат во Авганистан.

Минатиот месец, во експлозија на автомобил-бомба загина еден полицаец во Исламабад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски