Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд се искачи на 11, над 6000 лица се исчезнати

Од:

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд се искачи на 11, а илјадници луѓе се водат како исчезнати една недела откако невремето го погоди Северниот остров. На 12 февруари циклонот го погоди најсеверното подрачје на островот и се движеше по источниот брег, оставајќи зад себе пустош. Премиерот Крис Хипкинс ја нарече Габриел најголемата природна катастрофа на Нов Зеланд овој век.

Полицијата соопшти дека уште две лица загинале во тешко погодениот залив Хок во околности поврзани со циклонот. Можни се повеќе смртни случаи, изјави Хипкинс за новинарите во главниот град Велингтон, бидејќи 6.431 лице се водат за исчезнати, додека 3.216 се верува дека се безбедни.

„Катастрофата ги преврте животите наопаку, а закрепнувањето е стрмна планина напред“, рече премиерот, посочувајќи на нарушените телекомуникации, недостигот на свежа вода и оштетените патишта кои сè уште го ограничуваат пристапот до некои области.

Синџирите за снабдување се прекинати предизвикувајќи проблеми со движењето на стоката, многу посеви се уништени, а најмалку 28.000 домови сè уште се без струја. Вистинската големина на уништувањето и загубата станува се појасна секој ден.

Властите фрлаат основни резерви од хеликоптери во заедниците кои се блокирани од циклонот, кој однесе фарми, мостови и добиток и потопи домови. Полицијата испрати дополнителни стотина полицајци во заливот Хок и блиската Таирахита, вклучувајќи ги и изолираните области, по извештаите за грабежи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски