Бројот на починати од Ковид-19 во британските болници се зголеми на 18.738

Од:

Бројот на починати во болниците во Велика Британија во изминатите 24 часа се зголеми за 616 на вкупно 18.738, соопшти денеска британското Министерство за здравство.

До 9 часот денеска, спроведени се 583.496 тестови, а вчера се извршени 23.560 тестирања, информира Министерството.

Починатите биле на возраст од 31 до 100 години, а 16 од пациентите на возраст од 37 до 92 години немале други заболувања.

Вкупниот број на заразени во Велика Британија изнесува 138.078 луѓе.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он