Бројот на барања за стечај во ЕУ во вториот квартал зголемен за 2,2 отсто

Од:

За 2,2 отсто е зголемен бројот на пријави за стечај во Европската унија во периодот април-јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат.

„Според сезонски прилагодените податоци, бројот на барања за прогласување банкрот во вториот квартал од 2022 година е зголемен за 2,2 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во еврозоната во однос на првиот квартал“, се вели во извештајот на агенцијата, без да се прецизираат бројки.

Според Евростат, четврти квартал по ред се зголемува бројот на пријави за стечај.

Латвија забележа најголем пораст на пријавите во извештајниот период, при што бројот на компании кои поднесоа барање за стечај скокна за 74,4 отсто. Следува Белгија која забележа раст од 14,7 отсто и Данска (11,9 отсто).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Истрага за даночно затајување во Битола

Штедачите со депозити во „Еуростандард банка“ не треба да ги пријавуваат побарувањата, вели стечајниот управник

Жарко Настоски

Народна банка до Трифун Костовски: „Еуростандард“ не исполнуваше минимални законски услови за работа

Жарко Настоски

Трифун Костовски: Да се повлече стечајот на Еуростандард, законот не може да биде над интересите на граѓаните

Жарко Настоски

Судот го прифати предлогот за стечај на „Еуростандард банка“, од НБСМ велат – имотот на банката е заштитен

Жарко Настоски