Бродот „Оушн Викинг“ спаси 158 мигранти во Медитеранот

Од:

Бродот „Оушн Викинг“ на невладината организација „СОС Медитеран“ денеска спаси 158 мигранти кај либискиот брег, кои се наоѓале на два гумени чамци непогодни за пловидба, соопшти невладината организација.

Меѓу нив имало шест бремен и жени и повеќе деца, меѓу кои и тримесечно бебе.

Еден човек е повреден, соопшти Европската организација за потрага и спасување на море, чие седиште е во Марсеј.

Според првите сведоштва, михгрантите минале девет часа на море и многу од нив биле исцрпени и емотивно потресени, велат од организацијата, која работи со помош на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Централниот Медитеран е најопасната мигрантска рута во светот, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Агенцијата на ОН проценува дека во 2021 година на таа рута загинале или исчезнале 1.553 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пронајдени два и пол тони ураниум што исчезнаа во Либија

Ана Ололовска

Во Либија исчезнаа два и пол тони природен ураниум: „Ова е причина за загриженост“

Ана Ололовска

Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките

Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Катерина Павлова-Николовска

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи