Брод носач на авиони, ќе го носи името на кралица Елизабета

Од:

Британската кралица Елизабета II вчера во Шкотска, му го даде своето име на најголемиот воен брод, во историјата на британската морнарица. Станува збор за носач на авиони, кој во исто време може да носи дури 40 авиони и хеликоптери.

Кралицата рече дека носачот на авиони „Кралица Елизабета“, ќе донесе нова фаза во морнаричката историја на државата, а потоа со притискање на копче активира механизам и на нов начин го скрши шишето со виски, со што ја прекина традицијата тоа да се прави рачно, пренесе „Асошиејтед прес“.

Најголемиот брод во британската морнарица, со висина од 56 метри е повисок и од водопадите на Нијагара.

На церемонијата во шкотското бродоградилиште Росит присуствуваа и премиерот Дејвид Камерон, првиот министер Алекс Салмонд и поранешниот премиер Гордон Браун.

Паралелно со „Кралица Елизабета“ во изработка е уште еден носач со исти димензии, а заедничките трошоци за нивно производство се проценуваат на 6,2 милијарди фунти.

Бродот „Кралица Елизабета“, ќе биде пуштен во употреба во 2020 година и тогаш ќе има постојана посада од речиси 1.600 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он