Брод на „СОС Медитеране“ спаси нови 114 мигранти кај брегот на Либија

Од:

Брод на организацијата „СОС Медитеране“ денеска спаси 114 лица, меѓу кои десет жени и две новороденчиња, кои биле на „брод во тешкотии“ во близина на либискиот брег во обид да стигнат до Европа, соопшти оваа невладина организација.

Спасувачката операција е спроведена во меѓународни води по целоноќна потрага по бродот што имал проблеми, соопшти организацијата со седиште во Марсеј.

„СОС Медитеране“,заедно со Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, го изнајмиле бродот за спасување „Оушн Викинг“.

На гумениот чамец имало 10 жени и 30 малолетни лица, од кои 26 биле без придружба, изјави за француските медиуми портпаролката на „СОС Медитеране“, Мерил Соти. Меѓу малолетниците имало и две новороденчиња, од кои едното имало само 11 дена.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании