Британското разузнавање ги прецизира главните руски проблеми

Од:

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата на бојното поле во Украина. Денес, нивниот фокус е на ситуацијата во руската армија.

Британците пишуваат дека Русија се надева дека ќе ги исправи претходните проблеми, па инвазијата во оваа фаза од војната географски ја ограничиле на помала област од претходно. Ова, велат Британците, ги скрати нивните линии за снабдување и ја поедностави командата и контролата.

„Русија сè уште се соочува со значителни предизвици. Таа беше принудена да се спои и прераспореди исцрпени и различни единици од неуспешниот напредок во североисточна Украина. Многу од овие единици веројатно ќе се соочат со слабеење на моралот“, велат Британците.

Тие понатаму велат дека остануваат значителни недостатоци во руската тактичка координација. Воздушната поддршка за руските војници на теренот, велат Британците, е неконзистентна.

Сето ова, сметаат тие, и покрај локализираните успеси, ја остави Русија неспособна целосно да ја искористи својата борбена маса.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков