Британско разузнавање: Видливи се првите контури на новиот план на руската армија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во средата одржа средба со својот министер за одбрана и воените команданти, на која пред камери разговараа за плановите на војската за следната година.

Анализа на она што беше кажано денеска беше објавено од британското Министерство за одбрана, при што британското воено разузнавање се фокусираше на плановите за проширување на руските вооружени сили, кои ги презентираше рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шојгу рече дека Русија ќе ги зголеми своите сили за околу 30%, на околу 1,5 милиони активни припадници на армијата. Британските разузнавачи наведуваат дека „не е јасно кога ќе се постигне ова ниво на зајакнување на руската армија“.

На истиот состанок, Шојгу рече и дека проширувањето на армијата ќе вклучи зголемување на најмалку две нови бригади на северозапад од Русија на ниво на дивизија. Како оправдување за ова ја наведе „заканата“ поради очекуваниот влез на Финска и Шведска во НАТО.

 

Би можело да ве интересира

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува