Британските служби ги проверуваат тврдењата за убиството на „Белата вдовица“ Саманта Љутвејт

Од:

Британските специјални служби ги проверуваат информациите дека британската терористка Саманта Љутвејт, позната и како „Белата вдовица“, е убиена во Украина, јави денеска британската ТВ станица „Ај-Ти-Ви“ (ИТВ).

Триесетгодишната Британка од Бакингемшаир беше вмешана во терористичкиот напад врз трговскиот центар во Кенија во 2013 година, кога погинаа 60 лица, и се верува дека живеела на истокот од Африка и низ светот патувала со фалсификувани документи.

– Знаеме за веста за убиството на Љутвејт во Украина, изјави претставник на Форин офисот за ИТВ Њус.

Меѓутоа, наведува телевизијата, неколку безбедносни извори го отфрлија ова сензационално тврдење.

Љутвејт беше најбараната Британка бидејќи Интерпол издаде таканаречена црвена потерница по неа по масакрот во шопинг-центарот во Најроби, што го направија исламистите од сомалиската терористичка група „Ал-Шабаб“, чиј припадник била.

Руските медиуми вчера јавија дека Британката „војувала“ во составот на еден од казнените украински батаљони“ и дека ја „ликвидирал снајперист доброволец од Русија“.

Според податоците на медиумите, „Белата вдовица“ се борела во вооружениот конфликт на истокот на Украина во редовите на украинскиот доброволечки одред „Ајдар“. И таа војувала како снајперист.

Руските медиуми наведуваат дека Љутвејт била убиена пред околу две недели во непосредна близина на градот Дебаљцево.

Нејзиниот сопруг, кој премина во ислам и го зеде името Абдул Џамал во 2005 година го  активираше експлозивот во лондонското метро, потсетуваат руските медиуми, додавајќи дека по неговата смрт Љутвејт отпатувала во Сомалија, каде станала припадник на „Ал-Шабаб“.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски